Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека гаѓаат цивилни згради во Газа, бидејќи во нив се крие штабот на Хамас и нивните средства.
„Ова се легитимни воени цели. Зошто? Хамас користи сè, ги лоцира сите нивни канцеларии, штабови, нивното истражување и развој и сите нивни други воени средства, ако е над земја, тие се лоцираат во цивилни згради. Хамас сака да се маскира во цивилни згради , бидејќи тие се кукавици“, рече портпаролот на ИДФ, потполковник Џонатан Конрикус.