Истакнат член на Хамас е елиминиран во населбата Нусејрат, во центарот на Газа, објави „Њујорк пост“.
Еден од основачите на палестинската милитантна група Хамас, Абдул Фатах Духан, познат и како Абу Осама, е убиен во напад на израелските сили во централниот дел на Појасот Газа, објави денеска израелскиот јавен сервис КАН, повикувајќи се на локални палестински извештаи.
Уште двајца високи членови на Хамас, Захарија Абу Мамар и Џавад Абу Шамала, исто така беа убиени за време на ноќните напади во Газа, објавија претходно израелските одбранбени сили (ИДФ), според „Израел Национален њуз“.
Духан, директор на училиште во бегалскиот камп Ал-Нусарџат, беше на состанокот на Муслиманското братство во 1987 година, кога Хамас беше основан од шеикот Ахмед Јасин, Палестинец кој живееше во Газа. Абу Мамар бил вклучен во организирање и планирање на нападите на Израел, додека Абу Шамала бил министер за економија на Хамас, додава њујоршкиот весник.