Зголемување на платите за вработените во јавното здравство

Од:

– Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денеска имаше средба со претставници на синдикатот за здравство по повод потпишување на Спогодбата меѓу Министерството и Синдикатот на здравствените работници за ново зголемување на платите на медицинскиот персонал од јавното здравство.

Како што е наведено во соопштението од МЗ, станува збор за утврдување најниска плата на вработени во здравството и ќе се операционализира покачувањето од 10 отсто за сите вработени во здравството, предвидено со општиот колективен договор.

-На денешната средба ја потпишавме Спогодбата за ново зголемување на платите на здравствените работници, како и анексот за изменување и дополнување на Колективниот договор за здравствената дејност, со кој се врши зголемување на платите на вработените во јавните здравствени установи со плати пониски од минималната. Ова е второ покачување на платите на здравствените работници годинава. Наша заложба е да имаме мотивирани здравствени работници кои посветено работат и обезбедуваат квалитетна здравствена заштита за пациентите, истакна на средбата министерот Меџити.

Поединечни колективни договори ќе бидат склучени со Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во државата.

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење