Британец сакал да изнесе четири килограми сребро и бижутерија, фатен на скопскиот аеродром

Од:

Околу пет килограми сребрен накит и бижутерија се запленети од страна на царински службеници на Меѓународниот Аеродром Скопје откако странски државјани не го пријавиле накитот со што направиле прекршок на царинските регулативи извести Царинската управа.

Во едниот случај станува збор за четири килограми сребрен накит и бижутерија што британски државјанин, инаку сопственик на продавница за накит се обидел да ги изнесе од државата, без притоа да ја декларира стоката од комерцијален карактер кај царинските службеници. Накитот е откриен при контрола на рачниот и дополнителниот багаж којшто е побаран од страна на царинските службеници по увид на картата на патникот.

Во вториот случај, на влез во државата, запленети се 123 парчиња сребрен накит откриени по контрола на патник, инаку турски државјанин, кој патувал од Истанбул.

Би можело да ве интересира

Се криумчарат и импланти за гради

Од Скопје ќе се лета за Дубаи, од Охрид за Истанбул

Николоски: Планираме од Скопскиот аеродром да се организираат директни прекуморски интерконтинентални летови

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари

Запленети 192 килограми анаболични стероиди вредни 5,5 милиони денари

Катерина Ѓуровски