Владата во боите на израелското знаеме, Ковачевски: Нашите мисли се со израелскиот народ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, вечерва, на својот фејсбук профил упати порака со поддршка на израелскиот народ по повод терористичките напади на Хамас врз Израел.

„Поддршка за Израел во овие тешки моменти. Силно и недвосмислено ги осудуваме терористичките напади на Хамас врз Израел. Нашите мисли се со израелскиот народ, со кој се солидаризираме и сочувствуваме. Апелираме за решенија преку дијалог, на светот му е потребен мир“, порача премиерот Ковачевски во неговата порака на социјалната мрежа фејсбук.

Во знак на поддршка на Израел, вечерва, зградата на Владата беше „обоена“ со израелското знаме.

Би можело да ве интересира

Американска морнарица откако војниците фотографираа оброк на носач на авиони: „Нутритивно избалансирано“

„Џералд Форд“ повторно во водите на Блискиот Исток, Трамп се заканува со нови напади

Трамп: Ова е историски ден, време е убиствата да престанат

Нетанјаху: Разоружувањето на Хезболах е едно од основните барања во преговорите со Либан

Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

Хезболах се заканува на Израел: Го држиме прстот на чкрапалото