Убиен познат израелски фудбалер, правел роденден во пустината

Од:

Поранешниот напаѓач на бројни израелски клубови, Лиор Асулин, е убиен на 43-годишна возраст за време на војната во Израел.

Овој 43-годишен поранешен напаѓач, не знаејќи дека војната започнала, отишол на рејв забава во пустината, а потоа падобранците на Хамас упаднаа и убија голем број луѓе во саботата наутро.

Денеска водечкиот израелски спортски портал „Спорт 5“ објави дека телото на Асулин е пронајдено и дека и официјално е прогласен за мртов. Според извештаите од Израел, несреќниот Асулин всушност приредил забава за својот 43-ти роденден во клуб во близина на Кибуц Раим во пустината. Таму се инфилтрирал Хамас, а по 24-часовна потрага и испрашување било утврдено дека меѓу жртвите е и поранешниот напаѓач.

Асулин ја започна својата кариера во Макаби Херцли, а играше и за Макаби Петах Тиква, Бнеи Сакнин, Беитар Ерусалим, Бнеи Јехуда, Хапоел Тел Авив, Хапоел Бер Шева, Хапоел Рамат Ган, Хапоел Ришин Лезион, Хапоел Ашкелон, Хапоел. и Аполон од Лимасол во странство.

Би можело да ве интересира

Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Втор бран напади во Либан, сега воки-токи експлодираат

Почнува одмаздата кон Израел: Испукани ракети

Предраг Петровиќ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Нетанјаху: Израел ќе се одмазди за нападот на Хутите

Се огласија сирените за воздушен напад во Израел

Горан Наумовски