ВИДЕО: „Шпион“ откри 22 шпиони

Од:

Марјан Маџоски шефот на кабинет на претседателот на Собранието, режисерот на Еднооки Борис Дамовски, екс командатот на лавовите Горан Стојков, Ване Цветанов поранешен директор на Управата за спречување перење пари-луѓе од политичкиот и јавен живот, се дел од најновата акција на МВР наречена „Шпион“.

Меѓу оние кои се теретат дека работеле против државата и оддавале државни тајни има и новинар-Зоран Божиновски или „Луди милојко“ псевдоним добиен од полицските служби.Според полицијата сите работеле за странски тајни служби и формирале паралелна разузнувачка група.Досега се уапсени 17 лица по тројца се трага, а двајца веќе одлежуваат затворска казна за други кривични дела. Ќе одговараат за шпионажа, злосторничко здружување, уцени и измама.

Полицијата соопшти дека со делувањето на веќе уапсените бил доведен во опасност државниот безбедносен систем.

МВР соопшти дека меѓу осомничените се двајца вработени во Агенцијата за вработување, шест полицајци, од кој двајца работат во УБК, двајца од Министерството за одбрана и едно лице од Управата за финансиски криминал.

„Групата оддавала класифицирани информации на странски тајни служби, документи со различен степен на доверливост, а меѓу нив имало и државни тајни, кои не смееле да ги имаат а уште помалку да ги дадат“-изјави портпаролот на МВР Иво Котевски.

Уапсените биле следени две години и биле предмет на обработка на полицијата.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

Хрватскиот шпион кој беше уапсен во Белград „заработи“ 30 дена притвор

Горан Наумовски

Во Србија уапсен хрватски шпион

Американски војник издавал тајни на Кинезите за војната во Украина и плановите за Тајван

БИА разоткри албанската шпионска мрежа во Србија

Српски офицер шпионирал за бугарската тајна служба

Кинезите осудија на доживотен затвор американски шпион, кој работел незабележано со децении