Во засолниште сме, и ние сме вооружени, овде е хаос- сведочи Србин кој е на четири километри од Газа

Од:

Најмалку сто лица се ранети, а петмина ги загубија животите во ракетен напад што утринава беше извршен од Појасот Газа врз јужен и централен Израел. Хамас ја презеде одговорноста, а Израел прогласи воена состојба и започна контранапад.

Портпаролот на армијата објави дека од утринава се истрелани над 2.200 ракети кон Израел, а израелските сили се борат против членовите на Хамас на најмалку седум локации.

Израелскиот министер за одбрана објави вонредна состојба на 80 километри од Појасот Газа.

– Хамас направи голема грешка утрово – изјави Јоав Галан, израелскиот министер за одбрана и додаде дека милитантната група Хамас започна војна против Израел, но дека „Израел ќе победи“, пренесува Асошиејтед прес.

Како што вели за Мондо Горан Мекиќ од Израел, тој е во прифатилиште со семејството.

-Јас сум на четири километри од Појасот Газа, во засолниште сме и вооружени сме – вели Мекиќ.

Тој додава дека има повредени во кибуцот, земјоделската задруга каде што се наоѓа.

– Има и повредени од кибуцот, тука е хаос. Во моментов се фокусираме на она што се случува овде – вели соговорникот.

Би можело да ве интересира

Халеви: Израел ќе посегне до секој што ни се заканува

Горан Наумовски

ИДФ: Елиминиравме уште еден висок член на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се огласија сирените во Израел, неколку градови цел на ракети од Јемен и Либан

Горан Наумовски

Хезболах продолжува да гаѓа цели во Израел, силите на Тел Авив во состојба на готовност

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Нови напади врз Бејрут, цел беше лидерот на Хезболах

Горан Наумовски