Инженерите против концесијата: „Чебрен и водите мора да бита македонски“

Од:

Во недела на 8 септември во период од 11:00 до 11:30 часот, инженерите од сите македонски градови ќе го изразат своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчкиот ППЦ-Архиродон се вели во најавата од Здружението од инженери.

– Со оваа манифестација на незадоволство на македонските инженери, Владата треба да ја преиспита и да ја повлече вака донесената штетна одлука и да не пристапува кон склучување на Договор со било која странска или домашна компанија за доделување на концесија за користење водата на Црна река за производство на електрична енергија и управување со водите.

Реверзибилната хидроцентрала „Чебрен“ е еден од најголемите и најважните енергетски проекти на државата и е од стратегиско значење за енергетската независност на Македонија. Таа со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW треба да овозможи Македонија да остане во поголем процент енергетски независна после 2028 година, кога поради „Зелената транзиција“ треба да престанат со работа РЕК Осломеј и РЕК Битола.

Манифестацијата на незадоволство ќе се одвива пред главните обележја на градовите – општините, а скопјани ќе се соберат кај камениот мост. Солидарно со инженерите, во спречувањето на овој злочин чиј последиците ќе ги трпиме ние и нашите поколенија, незадоволството ќе го изразат и сите други наши сограѓани по градовите – општините. Како симбол на заштитата на македонските води, како национално богатство, на местата на собир, инженерите ќе остават шишиња со вода, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: Мицкоски излажа за Чебрен и продолжува со приватните интереси

Мицкоски на средба со Гренел: САД би можел да инвестира во „Чебрен“

Шукова: Во подготовка е одлуката за поништувањето на постапката за Чебрен

Предраг Петровиќ

Бесими: Не е реално да се очекува нов тендер за Чебрен пред избори

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Шукова: Тендерот за ХЕЦ Чебрен пропадна