Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека руските сили ќе се обидат да го уништат украинскиот електроенергетски систем оваа зима.
„Сегашното раководство на Русија го прави она што го правеше претходно. Ги повторуваат сите грешки и сето зло. Оваа зима руските терористи повторно ќе се обидат да го уништат нашиот електроенергетски систем. Тие не можат да ја прифатат идејата дека Украина нема да биде освоен“, рече Зеленски во обраќањето објавено на веб-страницата на Претседателството.
Тој додаде дека Украина презема дополнителни чекори, преку соработка со партнерите, за зајакнување на својата одбрана. Зеленски изјави дека со Германија преговара за испорака на „Патриот“, со Италија за нов пакет воена помош, а со Шпанија веќе е договорена испораката на дополнителни системи за противвоздушна одбрана „јастреб“. Во исто време, украинскиот претседател додаде дека преговорите се во тек со Велика Британија, Франција, Холандија и Европската унија.
„За Украина, Европската унија претставува не само економска безбедност, туку и мотивација. Мотивација за нас, нашите војници и целиот наш народ. Мотивација да се бориме, да се спротивставиме и да ја надминеме зимата и да ги постигнеме нашите национални цели, и покрај рускиот терор, заклучи Зеленски.