„Скопјани ќе имаат парно“ – Бислимоски уверува дека нема да има ценовни шокови

Од:

Скопје и со постоечката инфраструктира со двете топлани и без било кој цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем. Да не се шири фама дека Скопје би останал без топлинска енергија, изјави првиот човек на регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски за монтирањето на новиот топловод под мостот „Беласица“.

За одлуката за цената на парното греење, вели дека ќе ја донесат кога ќе добијат цврсто уверување околу поставувањето на новите цевки под мостот „Беласица“.

„ Нема да дозволиме да има какви било ценовни шокови за потрошувачите на топлинска енергија во Градот Скопје“, истакна Бислимоски.

„ Скопје ќе има парно греење, никогаш тоа не било доведено во прашање. Она на што инсистира РКЕ е тоа да биде по далеку пониски трошоци и РКЕ од тоа нема да отстапи. Скопје и со постојната инфраструктура што ја има со двете топлани без кој било цевковод може да се снабдува со топлинска енергија и ќе нема никаков проблем во однос на снабдувањето со топлинска енергија. Поентата на сето тоа на што ние реагираме е што е можно повеќе топлинска енергија да ни дојде од ТЕ-ТО за да ги намалиме трошоците на целокупниот систем“, рече Бислимоски

Нагласи дека ТЕ-ТО дава топлинска енергија која што е со пониска цена за 2,5 – 3 пати отколку цената на топланите во Градот Скопје.

„ И да не работи ТЕ-ТО, тоа ќе биде проблем на ЕСМ, и нема тоа да биде вкалкулирано во пресметките. Ако носиме одлука за цена дали е помал цевковод или поголем не не’ интересира. Ние во калкулациите ќе влеземе дека од ТЕ-ТО ќе се добие 60 до 70 проценти од топлинската енергија за да ја сочуваме ценовната стабилност. Зголемените трошоци во однос на тоа се разбира дека ќе си одат на тој којшто има проблеми да го реализира, вели Бислимоски.

Би можело да ве интересира

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Во ниту еден случај нема да се поскапи парното за домаќинствата, тврдат од Регулаторна

A1on

Бислимоски: За две години се инсталирани фотоволтаици со иста моќност колку РЕК Битола

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Бислимоски: Енергетската заедница треба да се изјасни за државата помош за гасни централи

A1on

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

A1on