Според операторот на системот за електрична енергија МЕПСО, птица е причината поради која претпладнево беше направен испад во два блока на РЕК Битола.
Од таму велат дека по половина час, снабдувањето со струја во земјата е нормализирано.
„Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница“, информираат од АД МЕПСО.
Според МЕПСО, штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни и дека случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но не и невозможни.