Таткото на Коста Кецмановиќ, убиецот од масакрот во основото училиштеВладислав Рибникар наскоро би можел да биде ослободен бидејќи истрагата против него се уште не е завршена.
Како што тврди Блиц, Институтот за судска медицина и по многубројните барања на Вишото јавно обвинителство не го доставил балистичкото медицинско вештачење кое е клучно за донесување на одлуката за обвинение против таткото на Коста.
„Обвинителството наложи да се изврши медицински балистички преглед кој треба да укаже на начинот на смртта на жртвите, како и на прострелните рани и од кое оружје се добиени. Тоа вештачење треба да ги потврди сомнежите дека момчето-убиец пукало со пиштол што неговиот татко го поседувал законски“, вели извор запознаен со случајот.
Сепак, како што понатаму наведува Блиц, тоа вештачење не е завршено.
„Надлежното обвинителство во последните два месеца има напишано повеќе итни барања и барања што поскоро да се достави извештајот бидејќи без него не може да се донесе одлука за евентуалното обвинение против таткото поради сомнение дека тој не чувал обезбедено оружјето. Во тој период вработените во Институтот заминале на одмор, но од вештачењето немало ништо“, вели изворот на „Блиц“.
Весникот наведува и дека обвинителството има рок да донесе одлука за ова во следниот месец. Во спротивно, таткото на момчето убиец ќе биде ослободен.
„Во случај кога на обвинетиот му е одредена мерка притвор во истрагата, законот пропишува задолжително укинување на притворот во случај обвинителот да не поднесе обвинителен акт во рок од шест месеци. Ова е рокот до кој обвинителот е должен во случај на обвинетиот да му биде одреден притвор и во тој случај обвинителот, како и сите во истрагата, да постапат со потребната итност“, објаснува адвокатот Никола Ристовиќ за „ Блиц“.
Според него, доказите што ги собира обвинителството мора да го оправдаат сомнежот дека некој го сторил осомниченото дело.
„Потребно е обвинителот да подготви докази кои малку ќе го зголемат сомнежот, во однос на она што беше потребно за самото постоење на истрагата против одредено лице“, објаснува Ристовиќ.
Тој исто така додава дека доколку таткото на момчето убиец евентуално биде ослободен, истрагата може да трае се додека обвинителот не одлучи да поднесе обвинителен акт или да ја отфрли кривичната пријава. За тоа, наведува тој, нема законски рок.
В.К., таткото на момчето убиец, е осомничен дека го обучувал својот син да пука, дека го однел на стрелиште и не го чувал оружјето соодветно.
Притворот му беше продолжен на крајот на јули за уште три месеци, а според информациите до кои дојде Блиц, тој истекува на 30 октомври.