Сончево со локална облачност и температура до 28 степени

Од:

Времето утрово ќе биде свежо, а преку ден сончево со мала локална облачност. Како што информира УХМР, ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Според УХМР, продолжува периодот на стабилно и релативно топло време со свежи утра, но во четврток и петок, во попладневните часови, како што најавува, ќе има локално зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Би можело да ве интересира

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени