Сончево со мала локална облачност, продолжува периодот на топло време

Од:

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец, наместа со брзина и над 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Од УХМР известуваат дека ќе продолжи периодот на релативно топло време со свежи утра и со повремена умерена облачност. Во четврток ќе има делумно зголемување на облачноста и услови за краткотраен локален дожд.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи

Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд

Од денеска дожд, петок и сабота со поинтензивни врнежи

Температури до 27 степени денеска, од утре попладне врнежливо

Студено утро, сончев ден со температури до 25 степени