СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија, тоа е факт

Од:

Христијан Мицкоски не може да ги релативизира неговите анти ЕУ и антизападни политики се додека го блокира продолжувањето на европскиот пат на земјата и членство во ЕУ. Граѓаните многу добро знаат дека Мицкоски е против ЕУ а актуелното ДПМНЕ е антизападна партија. Не треба за тоа никаква експертиза, тоа е апсолутен факт. Продолжувањето на европскиот пат и интеграцијата во ЕУ го блокира токму ДПМНЕ во македонското Собрание, тврдат од СДСМ.

-Мицкоски и ДПМНЕ не го поддржаа ниту Преспанскиот Договор, ниту членството во НАТО. Мицкоски е единствениот политичар кој не аплаудираше на усвојување на Договорот во македонското Собранието кога се верификуваше нашето членство во НАТО. Денеска Мицкоски е во целосно заложништво на проруската Левица. Цели 11 години ДПМНЕ ја држеше земјата во изолација, надвор од ЕУ и НАТО а денеска е главен кочничар на европската интеграција. Тоа се фактите велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?