Масовна кафеанска тепачка во Нови Пазар, неколкумина се повредени

Од:

Припадници на Министерството за внатрешни работи и на Полициската управа приведоа десетина лица поради учество во масовна тепачка во ресторан во центарот на Нови Пазар.

Тепачката започнала околу еден часот по полноќ во ресторан лоциран на улицата Стеван Немања, а според очевидци учествувале дваесетина лица.

Во тепачката едно лице се здобило со тешки повреди, а неколку други се здобиле со полесни повреди.

Сите учесници во тепачката биле во видно алкохолизирана состојба, а по интервенција на Полициската интервентна единица приведени се повеќе лица.

По исказот тие се пуштени на слобода и против нив во редовна постапка ќе бидат поднесени соодветни прекршочни пријави.

Би можело да ве интересира

Тројца истепани во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје

Белградското обвинителство бара притвор за еден од тепачите на генералот Чаѓеновиќ

Земјотрес во Нови Пазар

Инцидент во Скопје: Деца биле истепани од двајца малолетници

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

Инцидент во Влае: Ученик нападнал наставници, кршел инвентар и истепал соученици

Горан Наумовски