Голманот на РКЦ Валвијк, Етјен Фесен беше тешко повреден во дуел со напаѓачот на Ајакс на натпреварот од холандското првенство. Фесен се судри со Брајан Броби, и остана неподвижен на тревата. Брзо му беше укажана лекарска помош, а според ESPN била извршена и реанимација, по што е изнесен на носилки. Поради овој инцидент, натпреварот помеѓу двата тима беше прекинат во 86. минута.
Video of the collision posted below.
👇
— 9ja Futball Addict (@9jafutballnews) September 30, 2023
Според последните информации, тој бил свесен пред да биде сместен во Брза помош. Ова го објави локалната спортска новинарка Ивон Ван Бик.
Во моментот на инцидентот играчите на двете екипи го опколија голманот на домашната екипа, кој лежеше во бессознание додека му помагаа лекарите. Целата ситуација потсети на онаа во која главен актер беше Кристијан Ериксен на ЕП 2021 година.
За време на пружањето помош владееше молк, а во моментите кога голманот на РКЦ беше изнесен на носилки, навивачите го поздравија со громогласен аплауз.
Играчите потоа отидоа во соблекувалната, за подоцна да се вратат за да им се заблагодарат на навивачите.