Навивачите на Ајакс му се заканија на легендата да не се враќа: Ти си будала и шизофреничар, ќе има војна

Од:

Поранешниот холандски репрезентативец,Весли Снајдер кој пред заминувањето во Реал Мадрид во 2007 година настапуваше за тимот од Амстердам, направи нешто што не им се допадна на дел од тамошните навивачи, кои не сакаат ни да слушнат за негово можно враќање.

Не му простуваат што пред три години организираше проштален натпревар во Утрехт и покрај тоа што никогаш не играше за таа екипа.

Во холандските медиуми се споменува враќањето на Снајдер во клубот како тренер во стручниот штаб, а „Ф-Сајд“, група на најрадикални навивачи на клубот, преку изјава на Инстаграм објави дека евентуалното доаѓање на поранешниот играч од средниот ред е апсолутно непожелно.

„Да разјасниме веднаш: овој будала не е добредојден во нашиот клуб. Пред повеќе од три години му ставивме до знаење дека е персона нон грата. Ова не се однесува само на неколку патетични години, како што се неговите два неуспешни брака,туку засекогаш. „Весли, дури и ако еден процент од сите гласини за твоето враќање во Ајакс се вистинити, тогаш уште повеќе се покажуваш како идиот. Дури и да е вистина, ти си шизофреничар“, пишуваат тие.

„Ф-Сајд“ смета дека е неразбирливо што Ајакс преговара со Снајдер за да стане дел од стручниот штаб, особено ако се има предвид лошиот однос меѓу навивачите и поранешниот играч.

„Се разбира, постои ситуација што ја осудуваме: доаѓањето на ова копиле. Големиот тренер на Ајакс Ринус Михелс еднаш рече: „Фудбалот е војна“. Ако дојде Снајдер, тогаш ќе има војна“, најавија тие.

Снајдер пет сезони играше за Ајакс и остави длабока трага, но навивачите очигледно никогаш нема да му простат што не се збогуваше во дресот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голманот Фесен е тешко повреден во дуел со напаѓач на Ајакс

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кокча му се нафрли на Тадиќ во најголемото холандско дерби: Навивачите му ја повредија главата на играчот на Ајакс

Ајакс и Спортинг Лисабон со убедливи победи во ЛШ

Антони: Пред шест месеци побарав трансфер

Ајакс воведе необична забрана за навивачите

Манчестер Јунајтед го купува Лисандро Мартинез од Ајакс