(ВИДЕО) Пилотот на хеликоптер кој се урна во Грција e пронајден мртов во морето

Од:

Пилотот на хеликоптерот што вчера се урна во морето на северот на грчкиот остров Евија е пронајден мртов. Според Protothema, крајбрежната стража го извлекла од морето во петокот наутро.

Неговото тело било на длабочина од 52 метри, внатре во трупот на хеликоптерот.

Хеликоптерот А-109 полета вчераутро од хелиодромот во Афидна, а требаше да слета во Мантудија на Евија. Хеликоптерот слета во девет часот по локално време и повторно полета во 10.13 часот, но набрзо исчезна од радарот.

Иако на списокот на патници е наведен само пилотот, се сомнева дека во авионот имало уште едно лице, по кое се трага.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната