Момче со нож нападна професори и ученици во средно училиште во Шпанија

Од:

14-годишно момче денеска со нож нападна неколку професори и ученици во средно училиште во градот Херез де ла Фронтера, на југот на Шпанија, потврди локалната полиција за Ројтерс. Ел Паис пишува дека момчето е ученик во трета година на Институтот „Елена Гарсија Армада“.

Шпанските весници нагласуваат дека 14-годишно момче утрово нешто по осум часот влегло во училиштето со два ножа и нападнало тројца наставници и двајца ученици. Повредените професори и студенти се пренесени во болници, а се уште нема информации за сериозноста на нивните повреди.

Според првите информации, еден од професорите има повреда на окото.

Полицијата го уапсила момчето чии мотиви се уште не се познати. Училиштето е евакуирано. Итната помош потврдила дека добиле дојава за напад во училиштето, а полицијата и здравствените работници веднаш излегле на терен. Малолетникот брзо бил лоциран и приведен, по што бил пренесен во полициска станица каде ќе остане во притвор до утврдување на сите околности на настанот.

Би можело да ве интересира

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он