Отворање на Денови на комедијата Куманово

Од:

Вчера вечер во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово беше отворен 26 по ред Меѓународен театарски фестивал Денови на комедија Куманово.

На отворањето на фестивалот му беше доделена наградата Васил Иљоски на режисерот и актерот Коле Ангеловски, награда која е востановена последниве две години и се доделува за особен придонес во театарската уметност, посебно во делот на комедиографијата.

На отворањето во преполната сала на Центар за култура беше изиграна претставата Синиот портокал од Театар Велес.

Инаку на Фестивалот оваа година ќе има десет театарски претстави со театри од Македонија, Хрватска, Бугарија и Србија, а фестивалот има востановено и награди за најдобра актерка, најдобар актер, најдобра режија, најдобра споредна улога, најдобра сценографија, најдобра костимографија и најдобра претстава.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра