Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска ќе ја посети општина Кавадарци, каде што ќе има средба со градоначалникот Александар Панов.
На средбата, како што најави Министерството за транспорт и врски, ќе се разговара за реализацијата на актуелните проекти во општината.
По средбата со градоначалникот ќе бидат доделени решенија за легализација на бесправно изградени објекти во Кавадарци.