ВМРО-ДПМНЕ: Власта отвори можност бугарската мафија да основа коцкарници во Македонија

Од:

Власта на ДУИ и Ковачевски шверцерски со потпис на Артан Груби протнала одлука за основање на дури три нови онлајн коцкарници. Во услови кога народот тоне во сиромаштија тие наместо да работат на подобар стандард формираат коцкарници кои уште повеќе ќе ги осиромашуваат граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде ова уште посомнително, власта воведува услови кои ги дисквалификуваат домашните фирми и отвораат можност да влезе капитал од бугарското подземје каков што е ликот Васил Бошков – Черепот. Токму овој лик поврзан со бугарската мафија, кој живее во Дубаи, се занимава со бизнисот со коцкарници и условите за бизнисот во Македонија кои ги определува Владата му отвораат можности на бугарското подземје да навлезе во државата. Ова не само што е лицемерно од страна на власта која го осиромашува народот, туку е и крајно опасно за државата“, се вели во партиското соопштение за јавноста.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Дали Богоев местел тендери додека ја водел Царинската управа?

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални