Во полициската управа Марибор утринава е пријавено дека маж со оружје пука од балкон во станбена зграда во месноста Птуј (Словенија). Мажот испукал неколку истрели од балконот, а оружјето го вперил и кон полицијата, јавуваат словенечките медиуми. Во интервенцијата е вклучен и полициски преговарач.
Мажот неколку пати стапнал на балконот, а околу 9.40 часот и испукал неколку истрели. Како што јави ТВ Словенија, осомничениот влегол во станот околу 13.30 часот. Со себе наводно имал многу оружје. Полицајците неколку пати му посочува да го остави оружјето и да се предаде но тој одбива.
Полицијата се уште апелира до локалните жители да ги следат упатствата бидејќи интервенцијата се уште е во тек.