ОЈО побара помош од косовските колеги за аферата „Онкологија“

Од:

Тим од обвинители од Јавното обвинителство во текот на вчерашниот ден беше во косовското Обвинителство и оствари директна средба за обезбедување докази во врска со пред истрагата поврзана со работата на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Од косовските органи, преку контакт-точките во Европската правосудна мрежа, се побарани конкретни податоци неопходни за проверка на наводите врз основа на кои беше отпочната пред истрагата. Притоа, косовските обвинители изразија подготвеност за соработка и за обезбедување на потребните податоци.

„Во следниот период, во зависност од потребите на пред истрагата за обезбедување докази, слична ваква средба ќе биде организирана и во обвинителството во Република Албанија. Во меѓувреме, тимот на обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да ги презема сите дејствија за целосно испитување на настанот. Секојдневно се вршат распити на пациенти и нивни блиски, на стручни медицински и на други лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Министерството за здравство до Јавното обвинителство го достави извештајот од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кој се однесува на работата на Клиниката за онкологија. Исто така, по наредба на јавните обвинители, во тек е финансиска истрага, како и детално вештачење на економско-финансиското работење на Клиниката кое го врши тим од вешти лица, ревизори од Државниот завод за ревизија и претставници на Фондот за здравствено осигурување“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

А1он

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Случај „Онкологија“: Одбраната тврди дека медицинските одлуки не биле одговорност на еден човек