Тодоров: Да ги подигнеме стандардите на здравствените системи

Од:

Да ја искористиме нашата колективна мудрост, да одговориме на заедничките предизвици со кои се соочуваме во регионот и да ги подигнеме стандардите на здравствените системи и испораката на здравствените услуги врз основа на она што веќе е постигнато. Ова е пораката која министерот за здравство Никола Тодоров ја упати до учесниците на 63. Годишна сесија на Регионалниот комитет на Светската здравствена организација за Европа која почна денеска во турскиот град Чешме, јави известувачот на МИА.

– Република Македонија ја зема во предвид стратегијата Здравје 2020 и нејзиниот мониторинг систем за развој при изготвување на нашиот нов Оперативен здравствен план 2020 за здравствен развој до 2020 година со силна рамка за следење. Со техничка поддршка на СЗО ние веќе навлеговме во работата на Стратегијата за незаразните болести и Оперативниот план, како и усвојување на регионалната рамка за следење во националната, рече Тодоров во обраќањето до учесниците на сесијата на Регионалниот комитет на СЗО за Европа.

Со брзиот развој на здравствениот пејзаж и зголемените очекувања на пациентите, посочи тој, Министерството за здравство е посебно фокусирано на зајакнување на човечкиот потенцијал во здравството и за таа цел инициравме крупна реформа во едукацискиот систем, стручна доедукација на здравствениот кадар во јавните здравствени установи, односно на имплементација на специјализациите и на стручните обуки во странство.

– Да споменам уште една важна реформа во фармацевтскиот сектор од која бенефитите пациентите веќе ги чувствуваат. Станува збор за воведување нова методологија за утврдување на цени на лекови што резултираше со намалени цени на вкупно 1.636 лекови за различни видови болести. Во континуитет работиме и на осовременување на опремата – станува збор за апаратура од најнова технологија и нешто што е последен производ на медицинскиот пазар, како и на комплетна реконструкција на јавните здравствени установи чија вредност надминува над 150 милиони евра, потенцира Тодоров.

Тој рече дека во финална фаза е обновата на поголем дел од болниците, како и изградба на комплетно нови здравствени објекти, а во моментов сме фокусирани и на реконструкција на здравствени домови како една од покрупните реформи што во голема мера ќе влијае на подобрување на условите за лекување на болните, како и за подобрување на инфраструктурните услови за работа на лекарите и останатиот медицински кадар.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски