Поради нападот на полицијата во Бањска на северот на Косово, приведени се шест лица и им е одредена мерка притвор во полиција до 48 часа, соопштија од Специјалното обвинителство на Косово.
Во соопштението се наведува дека тие се осомничени за повеќе кривични дела од кои едното е тероризам.
Вчера на северот на Косово во селото Бањска беше убиен еден косовски полицаец и тројца српски напаѓачи.
Во нападот се ранети двајца полицајци.