Облачно и посвежо, со дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Врнежите наместа ќе бидат поројни, особено во западните и централните делови, локално во форма на невреме.

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 23 до 38 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме. Минималните температури ќе се спуштат до 18, а максималните ќе достигнат до 25 степени.

Од УХМР информираат дека од вторник времето не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со просечни температури за овој период од годината. Претежно во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд.

Би можело да ве интересира

Денеска претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни со над 25 литри на метар квадратен

Денеска променливо облачно со локален дожд

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h

Денеска облачно со повремен локален дожд

Променливо облачно, со локален дожд