По УС Опен и мечот со Новак Ѓоковиќ, Бен Шелтон со денови беше во центарот на медиумското внимание, откако најдобриот тенисер на светот, ја ископира неговата прослава и му „спушти слушалка“ откако во полуфиналето го совладаа со 3:0.
Младиот Шелтон го правеше тој потег по секоја победа, каде наводно ја спушташе слушалката, а по поразот од Новак виде како неговиот ривал тоа го прави на малку суров начин.
Тоа не му се допадна на Шелтон, а се гледаше и од студениот поглед што го упати кон Новак на мрежата по победата, но и од изјавата на неговиот татко неколку дена по тој меч со Ѓоковиќ, каде што се гледа дека му замерил на Новак за таквата имитација.
Самиот Шелтон подоцна на конференцијата изјави дека нема проблем Новак да ја ископира неговата прослава, иако фановите не беа убедени во тоа.
На Лејвер купот, каде Шелтон учествува како дел од Тим Америка, тој го изведе тој „телефонски потег“ на гала вечерата, по што сите ја објавија сцената во коментарите кога Новак го изведе тој потег и го „исклучи“, коментирајќи дека Ѓоковиќ ќе мора повторно да реагира.
Во првиот меч кој Шелтон го одигра на Лејвер купот каде го победи Артур Филс со 2:0, имаше поинаква прослава на победата кое многумина не го очекуваа.
Сите во публиката веројатно чекаа да се случи прославата со телефонот, но Шелтон реши да го промени тоа, па само покажа на дресот и грбот на Тим Америка.
Дури на клупата, кога се збогуваше со тренерот Џон Мекинро и другите соиграчи, имаше сцена со телефонски повик, која некои од неговите соиграчи ја направија со насмевки.