Шакира со својата музика не престанува да го довикува поранешниот партнер Жерар Пике, но и неговото семејство, а изгледа дека во последната песна дојде редот да зборува за нивната дадилка која Џерард ја отпушти.
Главна хероина на спотот за песната „Ел Џефе“, кој беше објавен пред два дена, е Лили Мелгар, дадилката на синовите на Шакира, Милан и Саша.
Земајќи го во предвид текстот на песната во која се зборува за шеф кој ги искористува работниците, но и фактот дека на крајот од песната решила да го спомене името и презимето на бебиситерката – на социјалните мрежи кружи теорија дека вака уште еднаш го прозва бившиот.
Лили Мелгар – Оваа песна е за тебе, не ти платија отштета“, вели Шакира.
The longtime nanny of Shakira’s children, Lili Melgar, makes a cameo in her new music, titled “El Jefe.”
It is rumored she learned what Gerard Piqué was doing behind Shakira’s back so he wrongfully fired her without financial compensation. pic.twitter.com/WrvGUXI3XG
— shakirastuff | fan account (@shakirastuff_) September 21, 2023
Наводно, Мелгар дознала за неверството на Пике и покрај неговите закани дека ќе остане без работа, и кажала на Шакира, по што ја избркал без никаков надомест откако со години работела кај нив.
Шакира повторно ја ангажирала да се грижи за децата, овој пат во Мајами. На Твитер ќерката на Мелгара потврди дека нејзината мајка и понатаму е десна рака на колумбиската пејачка.
“И покрај се, таа продолжува да работи со Шакира. Те сакам мамо”, напишала Даријана Мелгар на Твитер.
Внимание привлече уште еден стих од новата песна, во кој таа конкретно се осврна на нејзиниот поранешен свекор.