Федерер: Ѓоковиќ повторно испиша историја

Од:

Поранешниот швајцарски тенисер Роџер Федерер зборуваше за смената на генерациите во тенисот пред почетокот на Лејвер купот во Ванкувер.

Федерер не го крие ентузијазмот за спортот на кој му го посвети животот и смета дека тенисот е на добар пат.

Оваа година двајца млади тенисери како Карлос Алкараз и Коко Гоф освоија Грен слем турнири, што многу го израдува најдобриот светски тенисер.

“Тенисот во моментов оди добро. Погледнете ја Коко Гоф и што направи на УС Опен. Тоа беше многу посебно и уникатно. Таа е неверојатна”, истакна Федерер во интервју за “Јуроспорт”, а потоа се осврна и на машкиот тенис. :

„Од машката страна, доживуваме одлични моменти. Новак испиша историја, Алкараз го освои Вимблдон, Медведев играше одлично во Њујорк. Доаѓаат многу млади играчи против кои воопшто не сум играл, Руне, Синер, Алкараз. За жал, не можев да играм против сите нив. Нивната иднина е светла. Играта ќе продолжи да се развива и доброто е што уживам да ја гледам и да ги следам резултатите“.

Тој зборуваше и за тоа како го поминува времето во пензија.

“Мислев дека кога ќе престанам да играм нема да имам што да правам. Не е така. Сè уште сум многу зафатен со сите мои партнери, исто така многу патувам со фондацијата. Прв пат бев во Африка , во Лесото со моето семејство“, изјави Федерер чија цел е што повеќе деца во таа област да одат на училиште“, изјави Федерер.

Тој има друго хоби.

Посветен сум на дизајнирање на патики, облека и тениски рекети. Целосно сум вклучен и многу среќен кога има нов проект за мене“, заклучи Федерер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски

Роџер Федерер објави крај: По две децении кариера оди во пензија

А1он