Фрлени се три бомби врз три српски куќи на Косово

Од:

Во текот на ноќта во Косово се фрлени три бомби врз куќите на претставниците и лидерите на Српската листа со цел да ги заплашат и да ги натераат да ги напуштат своите домови, изјави директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.

Најпрвин околу 2.30 часот била фрлена бомба во дворот на Срѓан Ристиќ во Ранилуг, директорот на УО „Пчелата Маја“. Причинета е голема материјална штета.

Истовремено, бомба е фрлена и врз семејната куќа и гаражата на Владица Аритоновиќ во селото Глоговце, кој е заменик градоначалник на општина Ранилуг. И тука е причинета голема материјална штета, а во нападот нема повредени.

Во текот на ноќта била фрлена експлозивна направа кон куќата на Зоран Ристиќ од Ранилуг, директор на Центарот за социјална работа, но експлозија немало.

– Станува збор за брутално заплашување на претставниците на Српската листа, кои дојдоа само неколку дена по заканите на Албин Курти дека Србите и Српската листа „ќе трпат и ќе платат“. Курти почна да го реализира својот план прво со апсење на тројца Срби, а сега гледаме дека се фрлени бомби врз три српски куќи – вели директорот на Канцеларијата за Косово.

– Очекуваме сериозно да се сфатат и да се истражат овие застрашувачки напади врз претставниците на Српската листа, бидејќи тие испраќаат јасна порака и закана до Србите да ги напуштат своите вековни огништа. За овие синхронизирани и планирани напади Канцеларијата ќе ги информира и меѓународните претставници, бидејќи таквите дела со знаци на тероризам не смеат да се сфатат лесно – истакнува Петковиќ.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина