33 годишен жител на Белград вчера е уапсен откако во ресторан во центарот на градот на улицата Кнез Михаилова го избоде 50 годишниот сопствеик, а на социјалните мрежи се појави видео од безбедносните камери на кое се гледа моментот кога напаѓачот го боде со ножот.
Напаѓачот, И.Г. патем, се товари за кривично дело убиство во обид. Според изворот од истрагат, И.Г. вчера, пред да го нападне П.Д., директорот на ресторанот во кој порано работел, имал судење во основниот суд во Белград.
Gde su sad oni lažni borci protiv nasilja što podržavaju psihijatrijske bolesnike i ubice?! Prilazi i bez reči zabada čoveku nož u ledja, nakon toga počinje da napada i slučajne prolaznike! Da se nije pojavio policajac i sprečio tragediju ko zna koliko bi žrtava bilo. pic.twitter.com/bqB3BhiFSU
— Sudija Falkone (@Sudijafalkoneee) September 20, 2023
„Нему му се судеше каде што беше обвинет за инцидент што се случил порано, исто така во овој ресторан каде што тогаш бил вработен“, вели изворот, додавајќи дека веднаш потоа се случил нападот врз директорот на П.Д.
Како мотив за нападот се споменуваат долгови, најверојатно во вид на заостанати плати, но има сомнение и дека И.Г. дошол кај П.Д поради нешто што се случило на споменатото судење. По наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, му е одреден притвор од 48 часа и за тоа време ќе биде на распит. Инаку, во строгиот центар на Белград при овој напад се одвивала вистинска драма каде летале и столови.