(ВИДЕО) На Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци

Од:

На место викано „Рамно“ на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на полицијата, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“ уапсени се С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од село Брест и Б.М.(27) од Арачиново, скопско.

„Лицата се затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво. На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава“, извести МВР.

Би можело да ве интересира

Дрвја стари од 60 до 80 години исечени на Шар Планина во зоната на активно управување

Приведен дрвокрадец во општина Чашка

Дрвокрадци фрлале дрва кон полицајци, па возило на МВР излета од патот

Приведени дрвокрадци во прилепско

МВР уапси дрвокрадци во Ресенско

Приведени девет лица поради пустошење на шуми во атар на село Брест