Американскиот амбасадор во Приштина, Џефри Ховениер, изјави дека Приштина треба да продолжи со формирањето на Заедницата на српските општини и дека ќе има последици доколку тоа не се направи.
Тој додаде дека Србија има поинаква визија, но тоа „не значи дека Косово не може да го подобри здружението кое се занимава со грижите на српската заедница во Косово“.
Ховениер рече дека се надева оти премиерот Албин Курти, ќе работи со претставниците на Европската унија на оваа „стратешка цел, а доколку не го стори тоа, ќе има последици.
– Многу сме посветени да го видиме напредокот на Косово, но не можеме да бидеме позаинтересирани од Владата на Косово – вели Ховениер.
Тој нагласи дека токму Приштина го одбила компромисниот пат во Брисел.