Двајца мажи краделе во туристички капацитети и викенд-куќи во Дојран

Од:

МВР извести дека вчера во 6.30 часот, полициски службеници го уапсиле Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран.

При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран.

Уапсените биле задржани во полициската станица во Гевгелија и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Против Р.Б. е поднесена кривична пријава поради сомнение дека сторил седум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“, од кои пет биле извршени во 2023 година, а останатите во 2021 и 2022 година. Лицето било изведено пред Судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Грчки државјанин удрил во две возила кај Стар Дојран

Двајца кавадарчани оштетиле брави, електронски читачи и катанец на сандачиња од перална

Горан Наумовски

Албански државјани нелегално влегле во Македонија – ги откриле на граница кај Дојран

Фатени двајца крадци – едниот крадел во фирма, другиот во приватни домови

(ВИДЕО) Снимка од грабежот во скопско Црниче, крадците го изнесуваат сефот

Орце Костов

Двајца крадци украле метален сеф во кој имало пари и златен рачен часовник „Ролекс“ како и други предмети

Горан Наумовски