Гледајте во живо: Почна извлекувањето на Коста Конкордија

Од:

Извлекувањето на крузерот Коста Конкордија требаше да започне во шест часот, но поради силното невреме доцнеше два часа и започна во осум часот. Исправувањето ќе трае 10-12 часа, а поморскиот сообраќај до островот Џилио е целосно забранет.

Дваесет месеци по несреќата на бродот, во која загинаа 30 лица, а две се сметаат за исчезнати, италијанските власти дадоа зелено светло за оваа операција на исправување на бродот.

Со помош на цементни вреќи и посебно изработени метални платформи, претходно работниците успеаја да го стабилизираат бродот кој секој момент можеше да се излизга во подлабоки води.

Планот е крузерот да се исправи со помош на челични јажиња и хидраулични дигалки, што е многу сложена и чувствителна операција, имајќи во предвид дека трупот на бродот е тешко оштетен. Ако се се одвива според планот и ги послужи времето, работниците со цврсти сајли прво ќе го заротираат бродот, а потоа со повлекување ќе го постават во исправена положба. Потоа Коста Конкордија ќе биде извлечена и ќе се изреже во старо железо.

Линк за следење во ЖИВО

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

ВИДЕО: Поплави, свлечишта, затворена железница и училишта во Италија

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски