Протестен марш на Независниот синдикат на судска администрација во Скопје

Од:

Протестен марш во организација на Независниот синдикат на судска администрација се одржува попладнево во Скопје. Маршот започна од пред платото на Основен Кривичен и Граѓански суд во Скопје, а ќе заврши пред зградата на Судски совет.

Меѓу барањата на Синдикатот се и зголемување на платата за 78 отсто од минимална и додатоците на плата за 35 отсто од судскиот буџет.

Од Синдикатот информираат дека имаат закажано состанок со претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев.

Протест денеска имаа и вработени во судската администрација од Основен суд Тетово, каде беше побарано зголемување на платите како кај судиите.

Би можело да ве интересира

Предложените измени на Законот за судска служба се неприфатливи за Независниот синдикат на судска администрација

Протест на судската и јавнообвинителска служба, бараат поддршка од пратениците за повисоки плати

Втор обид за договор меѓу Владата и судската и обвинителската администрација

Катерина Ѓуровски

Администрацијата од обвинителствата и од судовите на преговори во Владата

Судската администрација од утре нема да ги работи ниту итните предмети доколку Владата не седне на преговори

Независниот синдикат на судска администрација бара преговори со Владата за зголемување на платите