(ВИДЕО) Лазаревска: Го сочувавме престижниот статус на Охридскиот регион, останува на листата на УНЕСКО

Од:

Охридското Езеро и охридскиот регион остануваат на листата на УНЕСКО на светско културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност, изјави денеска Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

– Одлуката на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, на 45-тата сесија во Ријад, е важна затоа што ги уважува сите нашите напори, за зачувување на овој престижен статус. СДСМ, преку институциите коишто ги предводи покажа одговорност и сите преземени чекори и постапки сега се препознаени и соодветно валоризирани. Ова е признание за преземените конкретни мерки, за напредокот за зачувување на вредностите на Охридскиот регион. Но, исто така ова е силно и гласно предупредување дека сите мораме постојано да го штитиме охридското, македонското и светското наследство. Престижниот статус останува, но остануваат и препораките за негово зачувување.

Препораките не се лесни и нивното реализирање бара целосно внимание, одговорност и акција од сите кои споделуваат одговорност. За успех неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – покрај централната власт и локалната самоуправа. Впрочем, обврските се точно адресирани. Сите имаат одговорност и мора да се има предвид фактот дека непостапување по препораките може да биде причина за впишување на Охридскиот Регион на листата на Светско наследство во опасност. Тоа не смееме да го дозволиме. СДСМ преку владата и институциите што ги предводи останува целосно посветена на заштита на Охридскиот регион, заштита на македонското и светско наследство – рече Лазаревска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници

(ВИДЕО) Жерновски: Мицкоски ја стави целата држава на црната листа