Започна Интернационалниот литературен фестивал „Про – ЗА Балкан“

Од:

Во Даутпашиниот амам вечер е отворено 11. издание на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје каде беа претставени седум врвни писатели од Балканот, од кои дел од нив се добро познати за македонските читатели.

Како што информираат издавачите, на денешната програма се неколку настани: во 13.30 часот гостите на програмата „Скопје фелоушип“ ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи, додека, пак вечерва од 20 часот, во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литературата како (де)конструкција на стварноста“, каде ќе учествуваат гостите писатели, а модератор е Владимир Јанковски.

Програмата „Скопје фелоушип“ оваа година е дел од меѓународниот проект „Читај, сподели, уживај“, којашто се реализира во соработка со КУД Содобност од Словенија, а ко-финансиранa е од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

Организатор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, а поддржувачи се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Европска Унија, Амбасадата на Словенија, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА, Бовин и Умно.мк.

Би можело да ве интересира

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Ние, луѓето“-премиера

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега