Момче од Облешево почина во сообраќајка на локалниот пат кон селото Бања

Од:

Дваесетгодишно момче од Облешево утрово почина како последица од тешките телесни повреди здобиени во сообраќајна несреќа на локалниот пат кон селото Бања.

Обидот да му биде укажана медицинска помош бил неуспешен, а лекарите во Општата болница во Кочани ја констатирале смртта.

-Утрово околу 5.48 часот во Полициската станица во Кочани е пријавено дека 20-годишниот А.М. од Облешево, управувајќи „поло“ излетал од коловозот на локалниот патен правец Облешево – Бања. Тој бил пренесен во болницата во Кочани каде починал од здобиените повреди, истакна Гордана Панајотова, портпарол на СВР – Штип.

Во возилото немало сопатници, а екипа на Одделението за внатрешни работи од Кочани направила увид на местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски