Српска тенисерка добива смртни закани: Наталија ги откри пораките што ги добила

Од:

Српската тенисерка Наталија Стојановиќ на социјалните мрежи објави дека добивала смртни закани.

Стевановиќ не успеа да влезе во главната ждрепка на турнирот во Гвадалахара, бидејќи Матија Матеас во квалификациското финале беше подобра од неа со 6:3, 7:5, по два часа и 12 минути игра.

По тој натпревар, Наталија на Инстаграм доби многу навредливи и заканувачки пораки кои реши да ги објави.

“Што ќе кажат после ова? Дали треба да бидам загриженa за мојот живот само затоа што загубив по повреда. Спортистите го даваат својот максимум на теренот и ваквите заканувачки пораки се нешто многу сериозно. Ова го објавувам за прв пат затоа што ми е доста од вакви пораки што ги добивам и кога победувам“, напиша Наталија на Инстаграм и ја сподели содржината од која се гледа дека тaa заканa.

Наталија најголемиот успех во кариерата го постигна на овосезонскиот Вимблдон, кога стигна до третото коло.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Фетаи објави дека на својот службен меил добил порака со смртна закана

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех