УНЕСКО: На историските споменици во два украински града им се заканува уништување

Од:

Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) предупреди дека главните историски локалитети во два украински града се изложени на ризик од уништување поради војната со Русија, јави денеска Би-Би-Си. Тие ја вклучуваат иконската катедрала Света Софија во главниот град Киев и средновековните градби на градскиот манастир Киевско-печерска лавра.

Историскиот центар на градот Лавов на западот на земјата исто така е ставен на листата на загрозено светско наследство на УНЕСКО.

УНЕСКО соопшти дека нејзиниот Комитет за светско наследство заклучил дека „повеќе не се исполнети оптималните услови за целосно да се гарантира заштитата на извонредната универзална вредност на имотите“, додавајќи дека тие се изложени на потенцијален ризик поради војна.

Руското бомбардирање на Украина во неколку наврати беше критикувано од УНЕСКО. Во јули, организацијата го осуди бомбардирањето на зграда во историскиот центар на Лавов. Во моментов има повеќе од 50 згради на листата на загрозени места на УНЕСКО. Меѓу нив се старото јадро на Ерусалим, историскиот центар на Виена и тропската прашума на индонезискиот остров Суматра.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ