По барање на Обвинителството, Вишиот суд и одреди 30-дневен притвор на мајката Љ.Ј. (56) и ќерка на А.А. (31) за тешкото убиство на маж (56) кај Пожаревац, додека синот, кој е осомничен за тешко убиство се уште е во бегство, дознава Телеграф.рс.
Вчера во околината на Пожаревац е пронајдено тело на маж, а неговата поранешна сопруга Љ.Ј. е осомничена дека пукала во него во семејниот дом, а потоа со помош на нејзините деца А.А. и М.А., го исекла телото и го фрлила во шума на 60 километри оддалеченост од Влашки Дол каде живееле.
Осомничената жена ја убила жртвата додека спиела бидејќи ги избркал од куќата која му припаѓа на неговиот татко.
Љ.Ј ја признала вината, додека нејзината ќерка се бранела молчејќи.
Жителите на Влашки Дол не паметат дека вакво нешто се случило во нивното село, велат дека тоа е мало место каде сите се познаваат.
“Беа многу чудни, последната година само се шетаа навечер. Беа многу чудно семејство”, изјавил за Телеграф еден од мештаните.