Како што јавија странските и украинските медиуми, здравствената состојба на шефот на чеченската држава во последните денови значително се влошила.
Лидерот на Чеченската Република Рамзан Кадиров е во кома, соопшти Украинската тајна служба (ГРУ). Како што пренесуваат странските и украинските медиуми, претставникот на тајните служби на Киев, Андриј Јусов изјави дека здравствената состојба на шефот на чеченската држава во последните денови значително се влошила.
Како што се наведува, влошувањето на неговата здравствена состојба не е последица на некаква повреда, туку веројатно веќе постоечки болести.
Russian and Chechen Telegram channels are writing that the Chechen head of state and staunch Putin supporter Ramzan Kadyrov has fallen into coma. Ukrainian intelligence is also reporting it. #geopolitics pic.twitter.com/yWmb6YitMG
— Velina Tchakarova (@vtchakarova) September 15, 2023
„Информациите се потврдени од различни извори во медицински и политички кругови. Не станува збор за повреди. Другите детали треба дополнително да се разјаснат. Тој е болен подолго време, а станува збор за системски здравствени проблеми“, рече Јусов.
Здравјето на Кадиров, кој е близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, предизвика загриженост и шпекулации, особено ако тој не успее да закрепне. Некои експерти тврдат дека Русија би можела да се обиде да ја одржи стабилноста во регионот со назначување кредибилен наследник, додека други стравуваат дека ситуацијата може да доведе до зголемени тензии и нестабилност.
Во меѓувреме, не се објавени детали за болеста што го доведе чеченскиот лидер во оваа состојба. Забележано е дека оваа вест почнала да кружи на социјалните мрежи, додека на Телеграм има поврзани извештаи на руски и чеченски канали.
Во исто време, руската страна официјално не ја потврди состојбата на блискиот сојузник на Путин. Сега останува да се види како ќе се развиваат настаните и какви последици ќе има комата на чеченскиот лидер во регионот и односите со Русија, доколку се покаже како точна. Во изминатиов период украинските и западните медиуми изнесуваа слични тврдења за Кадиров, но и за здравствената состојба на Путин.