ФОТО: Активни за демократија

Од:

Меѓународниот ден на демократијата, беше одбележан од граѓанската асоцијација МОСТ со кампањата „Вклучи се ако си исклучен“.

Кампањата се спроведува во рамките на проектот„ Активни за демократијата“ чија цел е да се активираат младите, бидејќи тие , според МОСТ не ги познаваат и немаат доволно навлезено во демократските процеси, не учествуваат активно, и имаат мали познавања за изборниот процес.

aktivniDemokratija1

„Целта на овие настани е да се информираат младите за прашања повразни со изборите за кои и прашања поврзани со нивната вклученост во демократските процеси и активното граѓанство. Сметаме дека младите не се доволно информирани за нивните можности да се вклучат во демократските процеси и токму затоа ја стартувавме оваа кампања која е наречена „Вклучи се ако си исклучен“, изјави Теодора Поповска од Граѓанска асоцијација МОСТ.

Кампањата се одржа и во Охрид, Прилеп, Тетово и Гевгелија.

aktivniDemokratija2

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите со дрон го погодија Северниот мост во Киев

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна дел од мостот на граничниот премин „Градишка“, преминот е затворен

Горан Наумовски

Најдолгиот мост на светот е во Луизијана – 39 километри

А1он

Клишас: Во украински „терористички“ напад загинаа седум лица

Русија: Машиновозач загина, a бебе e тешко повредено при уривање на мост врз патнички воз

(ВИДЕО) Два надвозници се урнаа во различни руски региони што граничат со Украина

Горан Наумовски