Две лица од Скопје добија кривични пријави бидејќи со оружје се заканувале на гостите во сендвичара во Трубарево.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, поднесена кривична пријава против лицата К.А. (24) и П.М. (42) двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Двајцата пријавени на 21 август околу полноќ во селото Трубарево, во сендвичара „13-ка“, додека седеле заедно со Р.А. Притоа, К.А. почнал да фрла пивски шишиња кон соседната маса каде седеле Г.Ј. (32) заедно со Б.Д. (34) при што Г.Ј. го предупредил и му рекол да не прави проблеми.
По ова, помеѓу двајцата настанала караница и притоа изреволтираниот К.А. го викнал Р.А. и заедно отишле во домот на П.М. од каде земал пиштол, го ставил во џеб од тренерката и со Р.А. се упатиле кон сендвичарата.
Доближувајќи се до истата, забележале дека П.М. се расправа со Г.Ј., при што К.А. се доближил до Г.Ј., го извадил пиштолот и почнал да замавнува кон него, предизвикувајќи чувство на страв кај вработената во сендвичарата којашто почнала да бара помош. Откако Г.Ј. се оттргнал од К.А., П.М. го земал пиштолот и замавнувал кон Г.Ј., но бидејќи присутните гости во сендвичарата почнале да си одат, и пријавените веднаш избегале.
По приведувањето, К.А. и П.М. се извршени разговори во кои во целост го опишале настанот, а К.А. појаснил дека по извршување на кривичното дело упатувајќи се кон гробиштата во селото Трубарево, го фрлил пиштолот во реката Вардар со цел полицијата да не го пронајде.
К.А. и е познат на полицијата и има три кривични пријави за сторени кривични дела од областа на имотните деликти.