Злосторствата во сајбер-просторот, кои вклучуваат кражба на ИТ опрема и податоци, како и дигитална и индустриска шпионажа и саботажа, годинава ќе ја чинат Германија 206 милијарди евра, објави германското дигитално здружение Битком.
Овој резултат е добиен врз основа на истражување на повеќе од 1.000 германски компании, а штетата трета година по ред ќе надмине 200 милијарди евра, пренесува Ројтерс.
– Германската економија е многу атрактивна цел за криминалците и непријателските држави, а границите меѓу криминалците и актери контролирани од државата се нејасни – изјави претседателот на Битком, Ралф Винтергерст.
Приближно три четвртини од анкетираните компании беа цел на дигитални напади во последните 12 месеци, што е намалување од 84 отсто една година порано.
– Малото намалување на бројот на компании кои беа погодени од дигитални напади е позитивен сигнал, што покажува дека мерките за заштита имаат смисла – рече Винтергерст.
Пред една година овој процент беше 45 отсто, а пред две години само девет отсто. Од компаниите кои претрпеле сајбер напади, 70 отсто од компаниите наведуваат дека им биле украдени чувствителни податоци, а 61 отсто дека некој ја шпионирал нивната дигитална комуникација.