Царина заплени над 300 парчиња раствори кои се користат за дијагностика на бенигни и малигни заболувања

Од:

На граничниот премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење информираше Царинската управа.

– На 8 септември, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на автобус со турски регистарски таблички кој сообраќал од Истанбул до Пеќ во Косово, во средината, под едно од седиштата пронајдоа кутија во која имало 329 парчиња раствор за инјекции од 15 мл Gadovist 1.0 oд германскиот производител Бајер (Bayer) за којашто како сопственик се пријавил патник со иницијали М.Ш. од Косово. За медицинските производи патникот не поседувал ниту соодветна дозвола од надлежното Министерство за здравство. Против лицето е поднесена кривична пријава до надлежниот суд за кривично дело криумчарење по член 278 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Царина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Албански државјанин фатен со половина милион евра на Табановце

Катерина Ѓуровски

Обвинителството започна истрага против сопственичка на салон за убавина и нејзини соработници кои шверцуваа филери и средства за слабеење

Горан Наумовски

Уапсена сопственичка на салон за убавина, работела со шверцувани филери и средства за слабеење

Катерина Ѓуровски

Спречени обиди за криумчарење лекови, над 12 тони овошје и зелечук и златен накит

ВИДЕО: Спречен шверц на 4.800 никотински кесички со вредност од 1,2 милион денари

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки